Авокади шпагети 🥑

јуни 21, 2019zacinetosoljubov

Овие шпагети се идеални за сите оние кои сакаат да го снабдат телото со енергија и подолго чувство на ситост. Тестенината е дефинитивно одличен избор за подготвување на комплетен оброк кога немате многу време и инспирација 🙂

Print Recipe

Состојки :

  • 250 гр интегрални шпагети
  • 1 авокадо
  • 15 индиски ореви
  • 1 домат
  • сок од пола лимон
  • сол и зачини по желба

Начин на подготовка

  • 1)

    Прво на кратко изблендирајте ги индиските ореви.

  • 2)

    Потоа додадете го авокадото, лимонот и зачините па блендирајте додека добиете кремаста структура.

  • 3)

    Шпагетите сварете ги во посолена вода според упатството на пакувањето.

  • 4)

    Исцедете ги па додадете го пестото и доматот и промешајте.
    Пријатен апетит ❤️

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт