Интегрални кифлички

јуни 20, 2019zacinetosoljubov

Oва е одличен здрав рецепт за сите љубители на кифлички и тесто.
Без квасец, млеко и јајца.

Print Recipe

Состојки:

  • 200 гр бело пченично брашно
  • 350 гр интегрално брашно
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • пола лажиче сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 300 мл топла вода
  • 50 гр сусам
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • сок од пола лимон

Начин на подготовка

  • 1)

    Во длабок сад ги мешаме белото и интегрално брашно, ленот, солта и маслиновото масло.

  • 2)

    Потоа ја додаваме водата и замесуваме тесто.

  • 3)

    Тестото го оставаме да одстои неколку часа (3 – 24h), на собна температура.

  • 4)

    Потоа го додаваме лимонот, сусамот и прашокот за пециво.

  • 5)

    Се прават кифлички кои можете да ги филувате по желба.

  • 6)

    Се печат 20 мин на 200 степени (зависи од рерната). Уживајте 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт