Овошна салата во ананас

март 1, 2019

Еден предлог за Вас како да го започнете денот со вистинска “витаминска бомба”.  Со секој залак внесувате голем број на витамини и минерали во вашиот организам.

Print Recipe

Состојки

  • 1 Ананас
  • 1 Портокал
  • 1 Киви
  • 1 Банана
  • 1 Калинка

Начин на подготовка

  • 1)

    Околу самата подготовка на салатата не се потребни премногу инструкции. Започнете со ананасот. Пресечете го на половина по должина и издлабете ја срцевината со лажица се со цел да добиете две мини “чинии” од ананас. Потоа исечкајте ги парчињата ананас на ситни коцки и савете ги во сад. Потоа излупете ги останатите овошки и исечкајте ги на парчиња. Наполнете ги “чиниите” од ананас и готови сте, уживајте!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Следниот рецепт