Плескавици од тиквици и морков

јуни 23, 2019zacinetosoljubov

Супер идеја која ќе ви ја задоволи потребата за бургери.

Print Recipe

Состојки :

  • 2 тиквици
  • 2 моркови
  • 1 јајце (или замена за јајце 1 лажица мелен лен и 3 лажици вода)
  • 4 лажици пченкарно брашно
  • малку сол, бибер, вегета, лук во прав

Начин на подготовка

  • 1)

    Тиквиците и морковите ги рендате и малку посолувате, солта да ја извлече целата течност од зеленчукот.

  • 2)

    Се процедува убаво истиснувајќи ја сета течност која ќе ја пушти зеленчукот.

  • 3)

    Се додаваат останатите состојки, и убаво се промешува целата смеса.

  • 4)

    Се формираат плескавици и се печат на 200 степени се додека не поруменат. Пријатен апетит 

     

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт