Плескавици со наут и грашок

април 20, 2019zacinetosoljubov

Ако барате нова идеја за подготовка на грашок, оваа комбинација со наут дефинитивно мора да ја пробате.

Print Recipe

Состојки :

  • 450 сварен грашок
  • 450 сварен наут
  • 2 јајца
  • 1 голем црвен кромид
  • 7 лажици интегрално брашно
  • 1 лажица сенф во зрно
  • Сол и бибер по вкус
  • Свеж магдонос по желба

Начин на подготовка

  • 1)

    Исецкајте го кромидот и пропржете го на тивок оган.

  • 2)

    Во длабок сад додадете ги сварениот грашок и наут, пропржениот кромид, двете јајца, сенфот, магдоносот, и зачинете со сол и бибер.

  • 3)

    Измешајте убаво, додека сите состојки не се соединат.

  • 4)

    Во процесор за храна се додава смесата и се блендира.

  • 5)

    Во зависност од густината на смесата се додава интегралното брашно, лажица по лажица и се меша додека не се добие густа смеса.

  • 6)

    Нас ни беа потребни 7 лажици за оваа количина.

  • 7)

    Се прават плескавици и се пржат на тивок оган се додека не поруменат.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт