Тортиљи со спанаќ и карфиол

март 12, 2019zacinetosoljubov

Одличен и вкусен рецепт за сите оние кои сакаат вегетаријански тортиљи.

Print Recipe

Состојки :

  • 1 кг Карфиол
  • 300 гр Спанаќ
  • 8 Тортиљи
  • 2 лажици Маслиново масло
  • 1/2 лажичка Сол
  • 1/2 лажичка Црн Пипер
  • 1/2 лажичка Лук во прав

Начин на подготовка

  • 1)

    Прво, измијте го карфиолот и исечете го на големи парчиња. Се вари околу половина час. Кога карфиолот е зготвен, извадете го од водата и ставете го во блендер.

  • 2)

    Изблендираниот карфиол префрлете го во загреано тавче, додајте две лажици маслиново масло и пржете го со цел да отстраните колку што е можно повеќе вода од карфиолот, за да добиете густ фил.

  • 3)

    Кога карфиолот е полузготвен се додава спанаќот, солта, биберот и лукот во прав.

  • 4)

    Отсега натаму зависи од тоа колку долго ќе го оставите сосот во садот. Ако сосот е водест, може да ги омекне тортиљите и крајниот резултат да биде неуспешен.

  • 5)

    Земете ги тортиљите и пропржете ги на висока температура со малку маслиново масло, само за да ги направите златно кафеави и крцкави.

  • 6)

    Со филот се мачкаат тортиљите, и се послужуваат додека се топли. Доколку ви остане дел од филот, може да го чувате неколку дена во фрижидер и да го користите како намаз.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт