Бомбици со морков

август 25, 2019zacinetosoljubov

Сите нутриционисти ќе се согласат со тврдењето дека морковите се многу здрави. Богати се со витамини А, Ц, К и Б8, како и фолат, калиум, железо, бакар и манган. Сепак, повеќето од корисни својства на морковите потекнуваат од неговото богатство со бета-каротин и растителни влакна. Не пропуштајте ја можноста да ги пробате овие морков бомбици и да уживате во нивниот совршен вкус!

Print Recipe

Состојки :

  • 2 чаши пулпа од морков
  • 1 чаша ореви
  • 1/2 чаша свежи урми
  • 1 чаша овесни снегулки
  • 1/4 чаша кокос
  • 1/2 лажичка цимет

Начин на подготовка

  • 1)

    Се блендираат оревите, овесот и урмите додека не добиеме изедначена смеса.

  • 2)

    Потоа додаваме пола лажичка цимет и убаво промешуваме.

  • 3)

    Оваа смеса ја соединуваме со пулпата од моркови и формираме бомбици кои ги валкаме во кокос.

  • 4)

    Навистина многу вкусно,брзо и екстремно здраво слатко задоволство.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт