Цимет колачиња

септември 29, 2019zacinetosoljubov

Колачиња кои се совршени за доручек или како ужина во текот на денот. Во комбинација со кафе или чај – брзо ќе станете зависни од нив, а најдобро од сè е што се подготвуваат експресно, за некои 15 минути.

Print Recipe

Состојки :

  • 130 гр интегрално брашно
  • 130 гр овесно брашно
  • 4 лажици мед или агаве сируп
  • 100 мл маслиново масло
  • 1 лажичка цимет
  • 2 лажици вода

Начин на подготовка

  • 1)

    Сите состојки убаво се промешуваат и се прави тесто, кое треба да одстои во фрижидер 15 минути.

  • 2)

    Потоа се расукува тенка кора и со модли се вадат фигури по желба.

  • 3)

    Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна на 180c додека не заруменат.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт