Чоколаден банана колач

септември 5, 2019zacinetosoljubov

Со 4 состојки ќе го направите највкусниот чоколаден колач што некогаш сте го пробале. Одличен десерт кој ќе им се допадне дури и на оние кои многу пребираат.

Print Recipe

Состојки :

  • 3 банани
  • 200 гр путер од кикирики
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица рогач

Начин на подготовка

  • 1)

    Ја загреваме рерната на 180 степени.

  • 2)

    Се пасираат бананите со вилушка, па се додава путерот од кикирики. Mешаме додека не се соедини смесата. Бананите треба да бидат убаво дозреани и меки, за да добиеме сочен и мек колач.

  • 3)

    Потоа се додава какаото и рогачот, и промешуваме додека не добиеме хомогена смеса.

  • 4)

    Ја истураме смесата во калапот и ја печеме во загреана рерна 25 мин.

  • 5)

    Потоа извадете го колачот од рерна и оставете да се олади 15-тина минути.
    Откако ќе се олади, исечете го на парчиња и послужете го.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт