Домашен банана сладолед

јули 12, 2019zacinetosoljubov

Подготовката е толку едноставна, а комбинации има безброј!
Бананата има кремаста текстура и богат вкус, и токму во ова слатко овошје лежи тајната на најубавиот и најздравиот сладолед без глутен и преработен шеќер.

Print Recipe

Состојки :

  • 3 замрзнати банани
  • 1/2 чаша замрзнати малини
  • 1/2 чаша аронија
  • 100 мл бадемово млеко

Начин на подготовка

  • 1)

    Излупете ги бананите и исецкајте на тенки кругови.

  • 2)

    Оставете ги во ладилник најмалку 3 часа.

  • 3)

    Потоа ставете ги во мултипрактик заедно со млекото од бадеми, и миксирајте додека не се направи кремаста густа смеса.

  • 4)

    На крајот ги додаваме малините и аронијата и миксираме додека не добиеме хомогена смеса.

  • 5)

    Уживајте!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт