Интегрални крекери со семки

август 30, 2019zacinetosoljubov

Викендов подгответе интегрални крекери во кои ќе ужива целото семејство. Тие се совршена замена за чипс или смоки, и одлични се во комбинација со хумус или гвакамоли!

Print Recipe

Состојки :

  • 1 чаша семки од тиква
  • 1/2 чаша мелен лен
  • 1/2 чаша овесни снегулки
  • 1/2 чаша сончоглед
  • 1 ипол чаша интегрално брашно
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 1/2 чаша вода
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка

  • 1)

    Во голем сад, ставете ги сите видови на семиња, брашното и солта.

  • 2)

    Додадете го маслото и водата и со раце убаво измешајте ги сите состојки.

  • 3)

    Доколку сте претерале со водата, додадете уште малку брашно, за да се добие тесто кое нема да се лепи за прстите и за чинијата.

  • 4)

    Потоа од тестото се сука кора со дебелина од 1 cm и се прават најразлични форми по сопствена желба.

  • 5)

    Крекерите се печат од 20 до 25 минути на температура од 200˚C.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт