Колач со диви сливи

септември 15, 2019zacinetosoljubov

Ако сте љубител на здрави и брзи десерти, не пропуштајте ја можноста да го пробате овој колач . Десерт од кој сите ќе бараат парче плус, а кога ќе го прочитате рецептот ќе ви стане јасно зошто 🙂

Print Recipe

Состојки :

За кората:

  • 50 гр бадеми
  • 100 гр семки од тиква
  • 100 гр сончоглед
  • 20 урми

За филот:

  • 450 гр диви сливи (џанки)
  • 4 лажици чиа семе
  • 1 лажица ( или повеќе, доколку сакате да е поблаго) агаве сируп

Начин на подготовка

  • 1)

    Прво ја подготвуваме кората, ги ставаме сите состојки во блендер и ги блендираме додека не добиеме хомогена смеса.

  • 2)

    Калапот каде што ќе ја редиме подлогата го обложуваме со најлонска фолија, па ја редиме кората.

  • 3)

    Кога ја наредивте подлогата, ставете го калапот во ладилник.

  • 4)

    Продолжуваме со подготовка на филот, ги чистиме ситните сливи па ги блендираме заедно со агавето. Блендираме кратко, за да останат мали парчиња сливи. Го додаваме чиа семето и убаво промешуваме.

  • 5)

    Го нанесуваме филот врз подлогата, и го оставаме колачот неколку часа во ладилник.

  • 6)

    Пред да го послужите, оставате го неколку минути да се отпушти па пресечете го на парчиња.

  • 7)

    Можете да го декорирате со кокос или чиа семе.

  • 8)

    Уживајте!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт