Куркума грисини

јули 29, 2019zacinetosoljubov

Прекрасни интегрални грисини, со различни видови семиња, кои се превкусни. Однадвор се тврди, но внатре се меки и навистина доста заситуваат.
Одлични се во комбинација со свежа сезонска салата или намаз по ваш избор .

Print Recipe

Состојки :

  • 500 гр интегрално брашно
  • 250 гр вода
  • 50 мл маслиново масло
  • 50 гр сусам
  • 50 гр лен
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 1 лажичка куркума
  • за посипување: лен, сусам, сончоглед, крупна сол

Начин на подготовка

  • 1)

    Од сите состојки замесуваме тесто и оставаме да отстои половина час.

  • 2)

    Постоа со дланките формираме грисини и ги наросуваме по желба (со лен,сусам,крупна сол..).

  • 3)

    Се редат во плех обложен со хартија за печење, во рерна на 200 степени околу 25-30 минути.

  • 4)

    Превкусни грицки кои можете да ги послужите со намаз или сезонска салата.

  • 5)

    На здравје!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт