Лешник колачиња

август 19, 2019zacinetosoljubov

Од здрави колачиња никогаш доста! Сакам да ви предложам еден фантастичен рецепт за колачиња во кои нема млеко, путер ниту пак шеќер. Се надевам дека ќе ви се допадне овој лесен и брз рецепт, и дека ќе се обидете да го направите.

Print Recipe

Состојки :

За колачињата:

  • 1 чаша лешници
  • 1 чаша урми
  • 2 лажици какао во прав

За филот:

  • 1/2 чаша урми
  • 5 лажици вода

За декорација:

  • кокос
  • ореви
  • лешници

Начин на подготовка

  • 1)

    Во блендер го блендираме лешниците и урмите, па додаваме 2 лажици какао во прав. Блендираме додека добиеме изедначена смеса.

  • 2)

    Ја расукуваме смесата, па со помош на калап вадиме кружни форми.

  • 3)

    Урмите и водата ги блендираме, па од филот нанесуваме на колачињата.

  • 4)

    За декорација користиме ореви, лешници или кокос.

  • 5)

    Ги оставаме неколку часа во фрижидер, па потоа може да ги сервираме со чаша бадемово млеко. Уживајте!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт