Морков коцки

јули 8, 2019zacinetosoljubov

Уште еден здрав десерт во кој ќе уживате без грижа на совест.

Print Recipe

Состојки :

За подлога :

  • 1/2 чаша чистени урми
  • 1 чаша ореви
  • 1/3 чаша кокос
  • 1/3 чаша рендан морков
  • 1/3 чаша суви кајсии
  • 1 лажичка цимет

За фил:

  • 1 чаша индиски ореви
  • 2 лажици агаве сируп
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 1/2 лажичка кокосово масло

Начин на подготовка

  • 1)

    Во блендер или процесор ги мелеме оревите, потоа ги додаваме останатите состојки за подлогата. Добиената смеса ја сплескуваме во калап и ја оставаме во фрижидер да се стегне, додека го приготвуваме филот.

  • 2)

    За подготовката на филот ги блендираме заедно сите состојки додека не добиеме мазна смеса. Филот го нанесуваме врз подлогата од ореви и моркови и повторно враќаме во фрижидер да се стегне.

  • 3)

    Се сечат коцки и може да се декорираат со брусница или некое друго сушено овошје.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт