Намаз со црвен босилек

јуни 25, 2019zacinetosoljubov

Босилекот е најдобар кога се користи свеж или кога се додава пред крајот на готвењето, за да го сочува вкусот и лековитите својства. Босилекот помага во борба против инфекции, се користи за смирување, при воспаленија на желудник и друго.

 

Print Recipe

Состојки :

  • 3/4 чаша ореви
  • 1/4 чаша сончоглед
  • 1 чаша листови од босилек
  • 1 лажица маслиново масло
  • 4 лажици вода
  • 1 лажичка хималајска сол

Начин на подготовка

  • 1)

    Прво ги блендираме оревите и сончогледот, додека не добиеме хомогена смеса.

  • 2)

    Потоа ги додаваме останатите состојки, и ја блендираме целата смеса до соединување.

  • 3)

    Декорираме со црвен босилек или зачин по желба.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт