Ориз со брокула

август 14, 2019zacinetosoljubov

Ако некогаш сте се запрашале како да го направите оризот поздрав и похранлив, како да додадете повеќе боја и вкус, тогаш овој лесен лесен рецепт е решението! Пробајте и никогаш нема да сакате да направите оризот на друг начин!

Print Recipe

Состојки :

За оризот

  • 1 чаша ориз
  • 2 чаши вода
  • 1/4 лажичка сол

За брокулата

  • 350 грама брокула
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажичка сол ( или по желба)

Начин на подготовка

  • 1)

    Оризот сварете го и исцедете го од водата.

  • 2)

    Брокулата измијте ја добро и поделете ја на цветови. Ставете ја во процесор за храна и пулсирајте додека не добиете ситни парчиња.

  • 3)

    Во загреано тавче додадете го маслиновото масло, ренданата брокула, сокот од лимон и солта. Промешајте ги да се соединат. Оставете ја да се готви 2-3 минути, дур да не омекне.

  • 4)

    На крај додадете го претходно сварениот ориз, промешајте и зачинете по желба (уште малку сол или сок од лимон).

  • 5)

    Овој ориз можете да го комбинирате со риба, тофу, печурки …

  • 6)

    Пријатен ручек!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт