Печурки во рерна

август 8, 2019zacinetosoljubov

Доколку сте љубител на печурки, може да се обидете да направите не само пржени или варени, туку и печурки печени во рерна! Шампињоните се сметаат за најпопуларни и омилени печурки, кои имаат многу корисни и лековити својства. Шампињоните содржат калиум, кој може да влијае на функцијата на срцето и крвните садови, и лесно сварливи протеини кои се потребни за мускулите, забите и коските.

Print Recipe

Состојки :

  • 500 гр печурки
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка куркума
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка чубрица
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка

  • 1)

    Загрејте ја рерната на 200 степени.

  • 2)

    Во мал сад измешајте го маслиновото масло, куркумата, чубрицата, лукот и солта.

  • 3)

    Печурките ги премачкуваме со оваа смеса и ги редиме на хартија за печење.

  • 4)

    Печеме 15-20 минути додека добијат убава златеста боја.

  • 5)

    Супер се во комбинација со пекарски компир или свежа салата.

  • 6)

    Бон апетит!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт