Полнети тиквички со печурки

јули 14, 2019zacinetosoljubov

Сега е сезоната на млади и вкусни тиквички. Ако немате идеја како да ги подготвите, овие полнети тиквички се идеален избор.

Print Recipe

Состојки :

  • 2 тиквички
  • 200 грама замрзнат грашок
  • 200 грама пченка
  • 200 грама печурки
  • сол, сусам, бибер по желба

Начин на подготовка

  • 1)

    Тиквичките исечете ги на половина и издлабете ја средината. Внатрешноста не ја фрлајте туку ситно исецкајте ја.

  • 2)

    Ставете ги да се печат ва претходно загреана рерна на 200 степени, околу петнаестина минути.

  • 3)

    Во тава на малку масло се пропржува замрзнатиот грашок, пченката, печурките и внатрешноста од тиквиците. Се зачинува по желба.

  • 4)

    Тиквичките извадете ги од рерната и наполнете ги со зеленчукот. Се наросуваат со сусам и се печат уште десетина минути.

  • 5)

    Добар апетит! 🙂

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт