Протеински леб

септември 12, 2019zacinetosoljubov

Грашокот е полн со хранливи материјали и преставува одличен извор на калиум и магнезиум, клучни минерали за здравјето на срцето. Ако сакате да уживате во вкусен леб без грижи на совест, топло ви препорачувам да го направите..

Print Recipe

Состојки :

  • 200 грама замрзант грашок
  • 200 грама овесни снегулки
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за пециво
  • 2 јајца

Начин на подготовка

  • 1)

    Прво го одмрзнувате грашокот, па во блендер ги додавате овесните снегулки и блендирате додека не добиете овесно брашно.

  • 2)

    Потоа го додавате одмрзнатиот грашок, солта, пецивото и јајцата и блендирате додека не добиете хомогена смеса.

  • 3)

    Целата смеса се истура во калап и се пече 45 минути на 200 степени.

  • 4)

    Откако ќе се испече, оставете го лебот да се олади па потоа исечете го.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт