Сусам колач

октомври 12, 2019zacinetosoljubov

Експресно брз сусам колач, готов за помалку од 10 минути. Нема ни зејтин, ни путер ни јајца. Дури нема ни шеќер! Мешате заедно неколку здрави состојки и добивате вкусен колач за целото семејство!

Print Recipe

Состојки :

  • 500 гр таан
  • 2 лажички мед или агаве
  • 24 свежи урми
  • 50 гр брусница
  • 50 гр сецкани бадеми или ореви

Начин на подготовка

  • 1)

    Ги блендираме урмите додека не добиеме паста

  • 2)

    Пастата ја мешаме заедно со таанот, брусницата, медот и исецканите бадеми или ореви

  • 3)

    Целата смеса ја ставаме во калап обложена со пластична фолија и ја оставаме во ладилник неколку часа

  • 4)

    Уживајте!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт