Веге бурито

август 4, 2019zacinetosoljubov

Највкусното веге бурито! Интересен начин да комбинирате неколку видови зеленчук и да уживате во крцкавоста и свежината што ја пружа зеленчукот послужен на ваков начин.

Print Recipe

Состојки :

  • 4 листови блитва
  • 4 лажици сварена хељда
  • 4 лажици хумус
  • 1 авокадо
  • 1 домат
  • 20 ливчиња босилек

Начин на подготовка

  • 1)

    Прво ја обаруваме блитвата во зовриена вода, само неколку секунди додека да омекне. Ако се преварат, ќе се кинат, затоа внимавајте.

  • 2)

    Ги сечеме дршките и тврдиот дел од блитвата и ја спремаме за бурито. Потоа на блитвата премачкуваме една лажица хумус, а врз тоа ставаме една лажица хељда.

  • 3)

    Го сецкаме доматот и авокадото на ситни парчиња и ги редиме врз хељдата.

  • 4)

    На крајот додаваме неколку ливчиња свеж босилек, и почнуваме со виткање на блитвата.

  • 5)

    Готовите бурита ги сервираме по две во порција. Пријатен апетит.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претходниот рецепт Следниот рецепт